ERGO Group AG објави дека Сава осигурување ги превзеде нивните подружници во Хрватска. Претставниците на ERGO и Сава осигурување потпишале договор за купо-продажба. Поради големината на трансакцијата купо-продажниот договор е во постапка на регулаторно одобрување. Цената е купен хрватскиот бизнис на ERGO се чува во тајност.

ERGO осигурување во 2017 година оствариле удел од 0.2% во севкупниот Хрватски пазар за животно осигурување, и 1.2% во пазарот за неживотно осигурување. Германската осигурителна компанија ERGO, има свои компании во 30 држави во Европа и Азија.

Alexander Ankel, оперативен директор (COO) на ERGO International AG, изјави: “Во Сава осигурување видовме реномирана компанија кој ги имаше севкупните корпоративни предности во однос на регионалните познавања, сигурноста, брзината, флексибилноста и финансиското работење. ERGO животното и неживотното осигурување во Хрватска совршено одговара со работењето и политиката на Сава осигурување, со нашето седиште во Љубјана, Словенија, Сава осигурување ќе се подобрат во меѓународните осигурителни активности кон средна и источна Европа”.

Оваа купо-продажба е само еден дел од неколкуте трансакции кои што ги инволвираат овие две компании во минатиот период. Сава ја откупи српската осигурителна компанија Energoprojekt Garant a во Македонија станаа сопственици на НЛБ прв пензиски фонд. Дополнително Сава ја купи и TBS Team 24 – словенска компанија за авто-асистенција во текот на минатата година.

Во исто време додека во Хрватска купува, ЕРГО во Украина скокна во бранот на западни компании кои што го напуштаат пазарот. Последната зделка на ЕРГО во Украниа беше со бугарскиот Евроинс. Имено Ерго во Украина ја поседуваше компанијата ERV која беше специјализирана за патничко осигурување држејќи над 10% од овој сегмент на пазарот во Украина.

“Плановите се ERV да се зачува како самостојно осигурително друштво и да биде развивана како одделна компанија, фокусирана на туристичкото осигурување”, посочи на прес-концеренција Кирил Бошов, главен извршен директор на Евроинс Иншурнс Груп.

Не се очекуваат далекусежни импликации од ове дејствија на Македонскиот пазар но не би не изненадило доколку Евроинс или Сава одлучи во следниот период да го окрупни македонскиот осигурителен пазар.