Сбербанк, голема банка во сопственост на Русија, го напушта европскиот пазар, пренесува АФП.
Одлуката да го напушти европскиот пазар дојде откако банката беше под силен притисок од западните санкции поради руската инвазија на Украина. Сбербанк објави дека европските подружници на банката се соочуваат со „ненормални повлекувања“, пренесе АФП.
Вчера Европската централна банка нареди затворање на европската филијала на Сбербанк. ЕЦБ пред неколку дена предупреди дека „Сбербанк најверојатно ќе пропадне“.
За потсетување, синоќа беше објавено дека Хрватска поштанска банка станува сопственик на хрватската филијала на Сбербанк, додека словенечката филијала ја купи Нова Љубљанска банка (НЛБ).