Германската онлајн продавница Brand4Friends, каде што можеше да се најдe облека од познати брендови по пониски цени, се гаси на 30 јуни, пренесува Poslovni.hr.

Во 2018 година Brands4Friends оствари продажба од 137 милиони евра, а пред две години беше забележана продажба во вредност од само 63 милиони евра.

Германските медиуми јавуваат дека тогаш почнало и затворањето на продавницата. Упатените велат дека внатрешното преструктуирање доведе до префрлање на производителите на други добавувачи. Како резултат на тоа, се помалку и помалку бендови беа достапни за клиентите.

Онлајн продавницата, основана во 2007 година, имаше околу осум милиони регистрирани корисници. Три години по основањето, eBay ja презеде за 150 милиони евра. Со трговијата управува Private Sales GmbH од 2019 година.