Новата платформа за тргување со криптовалути, Tokens.net, основана и управувана од криптомилионерот Дамијан Мерлак во Словенија, ќе се затвори.

Тој на веб-страницата на платформата напиша дека го основал Tokens.net во 2017 година, верувајќи во транспарентност, децентрализација и финансиска слобода.

„Мојата идеја беше да се создаде безбедно и транспарентно опкружување за тргување со разни криптовалути издадени преку Првичните јавни понуди на криптовалути“, напиша Мерлак во пораката.

Како што објасни, пазарот на првични понуди на дигитални монети нагло се намали од 2017 година, и инвеститорите во крипто-валути веќе не беа толку заинтересирани за нови емисии и тие повторно го свртеа вниманието кон главните криптовалути. Како резултат, Tokens.net едноставно повеќе не беше конкурентен со главните играчи на тој пазар.

Пред десет години, Мерлак, заедно со неговиот пријател Нејц Кодриќ, ја основаа платформата Bitstamp, која стана една од најголемите, најсигурни и најпознати платформи за размена на биткоини и други криптовалути. Успехот и продажбата на Bitstamp наскоро ги рангираше и двајцата основачи меѓу најбогатите Словенци.