Со околу 400 евра минимална и 700 евра просечна плата ние сме држава со најмали плати во регионот. Минималната плата не е доволна за живот, велат од Гласниот синдикат, има доцнење на платите, а има и случаи на исплата на плати пониски од минималната. Порачуваат државата и институциите да застанат во одбрана на правата на работниците …

Македонија е држава со најмала минимална и просечна плата во регионот. Имаме солиден закон за работни односи, но неговата имплементација потфрла, велат од Гласниот синдикат. Имаме кршење на работничките права кога се затвораат компании и работниците остануваат без неколку плати и кога се исплаќа плата пониска од минималната.

Од УЈП велат дека редовно го известуваат трудовиот инспекторат за работодавачите кои исплаќаат плата пониска од минималната.

Минималната плата не го следи реалното зголемување на трошоците за живот – велат граѓаните.

Без работникот во приватниот сектор нема здрава економија и државата треба да се фокусира на приватниот сектор од каде се полни буџетот и да носи мерки со кои работниците ќе се задржат овде – порачуваат од Гласниот синдикат.