Во ноември 2021 година, стапката на невработеност во еврозоната изнесувала 7,2 %. Таа е намалена од 7,3 % во октомври 2021 година и 8,1 % од ноември 2020 година. Стапката на невработеност во Европската унија изнесуала 6,5 % во ноември минатата година. Истата во октовмри минатата година изнесувала 6,7 % и 7,4 % во ноември 2020 година. Ова го покажуваат податоците на Канцеларијата за статистика на ЕУ, Евростат. 

Евростат проценува дека 13,984 милиони мажи и жени во ЕУ, од кои 11,829 милиони во еврозоната, биле невработени во ноември 2021 година. Споредено со октомври 2021 година, бројот на невработени лица опаднал за 247,000 во ЕУ и за 222,000 во еврозоната. Споредено со ноември 2020 година, невработеноста во ЕУ е намалена за 1,659 милиони во ЕУ и 1,411 милиони во еврозоната.