Вкупните средства на пезниските на пензиските фондови (задолжителни и доброволни)  во четрвтиот квартал на 2017 година бележат квартален раст од 4,3%, главно како раст на вложувањата на должнички хартии од вредност , се вели во соопштението од Народна Банка.

“Стапката на годишен рат на вкупните средства на пензиските фондови за 2017 година изнесува 18,7 отсто при што бележиме забавување на растот во однос на 2016 година за ( 1,6 п.п).  На страната на обврските растот прозлегува од техничките резирви на осигурување” соопшти банката.