investire-oro-banco-metalli-firstЗлатото повторно е во надолна зона, иако на почетокот на годината ветуваше опоравување, по долгата серија на пад на вредноста.

Почеток во 2015 година донесе, имено, неизвесност за обемот на купување на државни обврзници со програмата на Европската централна банка (ЕЦБ), ситуацијата во Грција како и одлуката на Швајцарската централна банка да се откаже од фиксниот девизен курс со еврото, што резултираше со зголемување на побарувачката за злато.

Сепак, позицијата на пазарот повторно се промени, Европската централна банка стартуваше со програмата за откуп на државни обврзници, а светот се фокусира на можните потези на Банката на федерални резерви на САД, истакнуваат од Саксо банка.

Поради тоа еврото почна да ја губи својата вредност, а доларот го достигна највисокото ниво во последните 12 години, не само во однос на еврото, туку и кон неколку други големи светски валути. Како што паѓа побарувачката за безбедно засолниште на инвеститорите, а се повеќе зајакнува доларот, со тоа златото ја губи поддршката.

“Доларот ќе остане пресуден фактор за цените на многу производи, не само на златото, а таквиот долг период на нестабилност трговците кои играат на краткорочни инвестиции ќе им донесат можност за заработувачка”, изјави Оле Хансен, раководител во Саксо банка.

На златото, исто така, може да влијаат и државните обврзници на САД, а каматните приносите од обрзниците се обратно поврзани со цената на златото. Силата на американската економија се рефлектира на обврзниците – посилна економија резултира со зголемување на каматните приноси на обврзниците, а ја намалуваат цената на златото.

Поддршка за златото доаѓа од 23 централни банки од целиот свет, кои од почетокот на годината ја олабавиле монетарната политика. На пример, обврзниците кои може да функционираат како безбедно засолниште, во Германија сега имаат негативни каматни стапки, така што инвеститорите се свртени кон други средства за инвестирање и златото е повторно во игра. На пазарот се очекува цената на златото да продолжи да паѓа, но прашање е колку од негативните очекувања, а не само зајакнувањето на доларот, се пресметани во сегашната вредност, заклучуваат аналитичарите на данската инвестициска банка.