Денес во просториите на Бизнис Центарот на Халкбанк АД Скопје се оддржа првата седницa на собранието на здружение за остварување на заеднички интереси на банките и унапредување на нивното работење.

На првата седница на Македонската банкарска асоцијација се утврдија основните белези на асоцијацијата и беа разгледани најактуелните прашања во однос на банкарската регулатива во земјата.

Основачи на Македонската банкарска асоцијација се правни лица – 15 банки и 2 штедилници основани во Р. Македонија, кои работат согласно одредбите од Законот за банките и поединечните акти донесени од гувернерот на Народната банка на Р. Македонија.

Извршниот директор на Халкбанк АД Скопје – Др. Билал Суџубаши, како домаќин на настанот ја поздрави и поддржа новоформираната асоцијација, чија главна цел е да го унапреди банкарското работење и банкарскиот сектор во земјата како и да го зголеми веќе значајниот банкарски допринос во националната економија.