germany-euro-exchange-rateПоддршката на Германија кон заедничката европска валута е во алармантен пад поради кризата во Грција и одлуката на Европската централна банка (ЕЦБ) да купива обврзници од земјите на еврозоната во вредност од 1100 милијарди евра, изјави германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле.

“Морате да бидете свесни за опасноста, тука нема разговор”, Шојбле изјави за Ројтерс на новинарско прашање, дали проблемите во Грција и дебатата за ниски каматни стапки ги завртеа Германците против еврото.

Германски политички лидери, економисти и медиумите жестоко реагираа на одлуката на Европската централна банка да почне програма за купување обврзници со цел да го придвижат економскиот раст и инфлацијата во еврозоната.

Германската канцеларка Ангела Меркел е загрижена дека програмата на ЕЦБ би можело да ги  поттикне земјите кои имаат проблеми да се откажат од структурните реформи.

“Германија веројатно може да направи само една работа, да ги убеди граѓаните дека економската интеграција на Европа со заедничка валута е во најдобар интерес на Германците”, изјави Шојбле.

Министерот изјави дека слабеењето на еврото во најголем дел се должи на монетарната политика на ЕЦБ, која на краток рок ја поттикнува конкурентноста на земјите од еврозоната, но на долг рок има и други ефекти. Шојбле не прецизираше за кој вид на ефекти станува збор.

“Грција направи поголем напредок отколку што можеше да се очекува, но таа мора да продолжи со реформите”, изјави Шојбле.