Повлекувањето готовина за купување станува сè попопуларно меѓу потрошувачите во Германија. Вкупниот обем на готовински плаќања минатата година порасна за добри 20 отсто на 12,31 милијарди евра, пренесува германската новинска агенција (DPA).

Плаќањето функционира така што клиентот плаќа со картичка на касата и потоа може да ја побара сумата што му е потребна во готово. Износот се додава на фискалната сметка и се одбива од банкарската сметка на потрошувачот, пренесува списанието Феникс. Максималниот износ што може да се повлече обично е 200 евра. Податоците во средата ги презентираше Институтот за истражување на пазарот ЕХИ. „Погодно е за клиентите бидејќи заштедуваат дополнително патување. Побарувачката исто така расте поради се помалиот број на банкомати“, вели авторот на студијата Хорст Рутер. Малопродажните компании кои го практикуваат ова, вклучувајќи ги и синџирите за малопродажба на храна Reva и Edeka, аптеките како DM и Rosman и некои продавници за градежен материјал и алати, враќаат повеќе од 13 отсто од заработените пари на клиентите, покажа истражувањето.

Со зголемената фреквенција на овој начин на пристап до готовина, се зголемуваат и провизиите што компаниите треба да ги плаќаат на банките. Според податоците на ЕХИ, тие изнесуваат меѓу 0,1 и 0,2 отсто од исплатениот износ по трансакција. По овој основ, малопродажните субјекти лани платиле 17,23 милиони евра, што е за 25,7 отсто повеќе од 2022 година.