Голем е јазот на пазарот на трудот, тоа што го бараа бизнис-секторот образовните инситуциите не го нудат, велат од Фондацијата Фридрих Еберт.

На дебата на тема „Предизвиците и перспективите на пазарот на трудот во Северна Македонија – Транзиција од образование до вработување“ оддржана во Тетово од фондацијата истакнаа дека невработеноста е еден од поголемите проблеми во државата, затоа и младите мигрираат оти не можат да се пронајдат на пазарот на трудот.

„Ние како фондација даваме придонес кон локалните партнерски институции во овој случај со универзитетите за заеднички да пристапиме кон наоѓање на решенија. Мора да се види колкав е јазот меѓу понуда и побаравувачка и воедно да седнат бизнис-секторот и обазовните институции за да се намали тој јаз. Нашите сознанија се дека има голема дискрепанца на пазарот на трудот. Тоа што се бара од бизнисите не се нуди од образованието. Се бараат и таканаречени меки вештини, на пример може да сте професионалец, но да ги немате некои од вештините за да успеете. Има голем јаз и треба погенерален пристап и сите актери да се вклучат во рашавањето на овој проблем“, изјави Бајрам Садики програмски менаџер во фондацијата.

Академик Абдулеманф Беџети кој воедно е и ректор на Универзитетот на Југоисточна Европа вели дека треба да се работи на повеќе решенија на овој проблем, се со цел да се обезбедат соодветни профили за пазарот на трудот. Досега според него, општеството не успеало да ги обезбеди соодветните профили кои ги бара бизнис-секторот и во квантитет и во квалитет.

„Ние се трудиме да ги препознаеме кои се тие профили кои се бараат на пазарот на трудот. Сега се оди кон проширување на нови факултети како тој за техничкиот факултет, со цел да обезбедиме човеков ресурс.Нашето искуство е дека недостасува кадар од техничките науки, од природни-математичктие науки, тие се барани од пазарот. Барани се професии со вештини оти универзитетите се предподготовка, вие потоа како академски граѓанин се усовршувате на самиот пазар на трудот, изјави академик Абдулменаф Беџети.