Во Бугарија минатата година директните странски инвестиции изнесувале 909,9 милиони евра, што е за 241,7 милиони евра повеќе во однос на 2016 година, покажуваат податоците на Бугарската народна банка.

Меѓу најголемите странски инвеститори е Холандија со 669,3 милиони евра, и потоа Швајцарија и Германија.

Во секторот за трговија се регистрирани најмногу странски инвестиции и тоа 299,1 милион евра, потоа во финансиите и осигурувањето 275,1 милиони евра и во преработувачката индустрија 253,7 милиони евра. Во недвижнините се инвестирани 216,5 милиони евра.

Во 2015 година се регистрирани најголемите странски инвестиции во Бугарија кога странските компании инвестирале 2,4 милијарди евра.

Додека бугарските компании во странство минатата година инвестирале 275,6 милиони евра.

Една година претходно бугарските инвестиции во светот изнесувале 320 милиони евра.