Европската комисија објави дека повеќе од 20.000 луѓе ги загубиле животите во сообраќајни несреќи во ЕУ минатата година, а најголем дел од жртвите се пешаци, велосипедисти и возачи на мотори и скутери.

Затоа е донесена одлука и се донесе нов предлог за правила за возачки дозволи, со цел да се овозможи поголема безбедност на патиштата и да се постигне целта до 2050 година да нема смртни случаи предизвикани од сообраќајни несреќи, објави порталот „Шенген виза инфо“, пренесува Политика рс.

Покрај безбедноста, Комисијата има намера да ги подготви возачите за возење во центрите на градовите каде што има многу пешаци и оние кои возат на две тркала. Како што е наведено, според новите правила, младите возачи ќе можат да се обучуваат и да добијат возачка дозвола на 17 години, додека само на 18 години ќе можат слободно да возат, па дури и да се вработат како професионален возач.

Во предлогот за нови правила се наведува и дека тест возењето трае најмалку две години за возачите кои ќе го поминат тестот, а се воведува и правило за нулта толеранција за фатените во алкохолизирана состојба.

Ова, се вели, е важно бидејќи младите возачи, кои претставуваат осум отсто од сите возачи на автомобили, според статистиката, предизвикуваат две од пет сообраќајни несреќи со смртни последици во ЕУ. Предвидено е и прилагодување на обуката и тестирањето на возачите со цел подобро да се подготват за возење во услови каде што има се повеќе пешаци, велосипедисти, корисници на е-скутери и е-велосипеди.

Има и најава дека ќе се воведе нов систем кој ќе овозможи дисквалификација на возачите на територијата на целата Европска Унија кога некоја земја членка ќе одлучи да го стори тоа со возач кој направил прекршок на нејзина територија, објаснуваат од ЕК.