Постои можност за најголем глобален недостиг на ориз во последните 20 години. Производството на оваа храна е во опаѓање во Кина, Соединетите Американски Држави и Европската Унија.

Порастот на неговата цена погоди 3,5 милијарди луѓе ширум светот, особено во азиско-пацифичкиот регион, каде што се троши 90 отсто од вкупната количина на ориз во светот. Според податоците на американската финансиска и осигурителна компанија Фич Солушнс, оваа година светот би можел да биде погоден од најголемиот недостиг на ориз во последните две децении.

Се очекува растот на оризот да продолжи и во текот на следната година. Се тврди дека причините за тоа се руската агресија врз Украина, како и неповолните временски услови во земјите каде што се произведува, како Кина и Пакистан.

Кина, која е најголемиот светски производител на ориз, беше погодена од силни летни монсунски дождови и поплави. Ова имаше негативно влијание врз производството.

Производството на ориз во Пакистан е намалено за 31 отсто во споредба со претходната година, исто така поради големите поплави. Покрај тоа, побарувачката се зголеми поради порастот на цените на другите житарки по почетокот на војната во Украина – тоа стана прифатлива алтернатива, пишува ЦНБЦ, пренесува Политика рс.