Тестенините поевтинуваат за 15, млечните производи за 10%. Владата ги замрзна цените, а за шпагетите и макароните ги укина и увозните давачки. Со ваквата мерка се очекува намалувањето да биде за најмалку 8,9 денари , додека кај млекото и млечните производи –цената ќе биде за 10 отсто пониска од онаа која важела на 1 март

Тоа значи дека ако тие се продавале по цена од 49,3 денари, со новата мерка нивната цена треба да се спушти на 41,8 денари. Што се однесува на млечните производи како млекото, урдата, кравјиот кашкавал, киселото млеко и јогуртот, цените треба да се намалат за 10 проценти. Дел од домашните производители во изминатиот период веќе ги намалија цените на млекото. очекувам и од другите производители да ја го следат овој пример и да не чекаат да дојде 16 март за да ги намалат цените на млечните производи, изјави Крешник Бектеши, министер за економија.

Според анализите на Министерството за економија, простор за поголемо намалување на цените има, затоа ги повика и производителите и трговците да се откажат од високите профити и да бидат солидарни и одговорни кон граѓаните во време на криза. Ако се одлучат за поголемо намалува од она кое им го наложува Владата, ќе продолжат да добиваат субвенционирана струја од државата.

-Одлуката беше дека 20 отсто може да си делат производителите и трговците на мало како профит и тоа се покажува во нивните тековни состојби. Ве повикувам да ги проверите тековните состојби од претходната година. Ќе видите дека ниту една компанија не е оштетена од Владата во однос на профитите. Простор за намалување на цените има и убеден сум дека сите ќе ја почитуваат одлуката, истакна Бектеши.