Се зголемува економската зависност на земјата од Кина. Економски притисоци се забележани во трговијата, капиталните инвестиции и надворешниот јавен долг. Ова се наодите од објавувањето на извештајот подготвен од надворешни и локални експерти. Претседателот на организацијата „ЕСТИМА“, Ана Крстиновска, рече дека судирот на Кина со ЕУ и САД и нивниот однос со Русија нè доведоа до крстопат меѓу светските сили, а како резултат на политичките проблеми нашата земја го забави економски развој.

Нашиот извоз кон Кина не е стабилен и од година во година се намалува. Суровините како што се феролегурите и минералите што ги продаваме во Кина немаат големо влијание врз развојот на нашата локална економија. Кај капиталните инвестиции се издвојува изградбата на автопатот Кичово-Охрид.

Мекото кинеско влијание во земјава се води преку Институтот „Конфучие“ каде 8 илјади луѓе се дел од културните програми, рече Марко Трошановски.

Македонија увезува кинески стоки 17 пати повеќе отколку што извезува од Република Кина. Во извештајот се наведува дека Кина ја наградува Србија со големи инвестиции бидејќи таа ги поддржува кинеските интереси во геополитичките стратегии на Западен Балкан.