Според проекциите на предлог-буџетот за 2023, просечната бруто плата во Владата ќе се зголеми за 5.350 денари и догодина ќе изнесува 64.200 денари, анализира Порталб.

Во најголем дел од министерствата ќе зголеми просечната бруто-плата по вработен. Платите најмногу би се намалиле во Собранието – во просек за 6.600 денари и средната вредност би изнесувала 66.900 денари. Во Министерството за политички систем на Артан Груби намалувањето ќе изнесува дури 4.900 денари, со што просечната бруто платата ќе изнесува 38.282 денари.

Во Министерството за образование е планиран раст за 13.500 денари при што просекот ќе достигне 58.822 денари. Позначаен раст од речиси 15.000 денари ќе има и во Министерството за финансии со што во 2023 година просечната бруто плата таму ќе достигне до 60.685 денари.

Иако просекот во Министерстви за надворешни работи е 122.243 денари, најмногу поради високите примања на амбасадорите, и во овој ресор ќе има зголемување за 5.350 денари и догодина ќе изнесува 122.243 денари.

Во Министерството за здравство и во Министерството з акултура ќе има зголемувања во просек само од 2.200, односно 2.500 денари. Симболични зголемувања ќе има во министерствата за труд и социјална политика, односно во животна средина.