Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) денеска ќе одржи седница преку ZOOM комуникациската платфoрма, на чиј дневен ред е програмата за работа на Антикорупција за 2023 година.

На седницата ќе се расправа и по годишните планови за следење на имотната состојба и судирот на интереси за 2023 година и за спроведување на антикорупциска проверка на легислативата за 2023 година.

Членовите на ДКСК на седницата ќе образложат и за постапување по предмети оформени по пријави од укажувачи согласно Законот за заштита на укажувачите.