На дневниот ред во Собранието за денеска се закажани  28. седница на Комисијата за финансирање и буџет и четвртата седница на Буџетскиот совет на Собранието.

На Комисијата за финансирање и буџет ќе биде презентиран Годишниот извештај за работата на Комисијата за хартии од вредност на Македонија за 2020 година.

На седницата на Буџетскиот совет на Собранието предвидено е да се презентира предлог-стратешки план на Собранието во период од 2022 до 2026 година, предлог-буџетското барање и предлог-одлуката за давање на финансиска согласност на Годишниот план за вработување во Службата на Собранието за 2022 година.