Индексот на доларот во однос на другите шест најважни валути се намалил за 0,05 отсто, односно на 93,41 бод, многу блиску од најниското скалило кое го достигнал во мај 2018 година.

На светските берзи вредноста на доларот бележи намалување на вредноста во однос на другите валути и тоа веќе седум недели по ред, случај кој не е забележан во изминативе 10 години.

Индексот на доларот во однос на другите шест најважни валути се намалил за 0,05 отсто, односно на 93,41 бод, многу блиску од најниското скалило кое го достигнал во мај 2018 година.

Вредноста на еврото во однос на доларот се зголемило за 0,1 отсто односно едно евро сега се продава за 1,1785 долари.

Во однос на јапонскиот јен, вредноста на доларот останала непроменета, односно еден долар и понатаму се менува за 105,50 јени.

Намалувањето на вредноста на доларот во изминатите седум недели што е негов најдолг период во изминативе 10 години е последица на слабата монетарна политика на Федералните резерви.

Американската централна бамка порача дека ќе ја стимулира монетарната политика ако е потребно, иако до сега на монетарниот пазар инјектираше милијарди долари и ги намали каматните стапки.

Освен тоа, инвеститорите веруваат дека демократските и републиканските застапни во Конгресот наскоро ќе ги изгласаат новите фискални мерки вредни скоро 1.000 милијарди долари.

Овој договор до петокот не беше постигнат, а двете страни порачаа дека нивните ставови драстично се разликувувцаат. Сепак, инвеститорите се уверени дека ќе се изнајде решение на проблемот.

Изминатиот петок беше објавено дека во мај бројот на запослени се зголемил за 1,76 милиони лица, што е многу повеќе од тоа што се очекувало, но многу помалку во однос на 4,8 милионите запослени само еден месец претходно.

Моментално надоместок за незапоследност земаат околу 30 милиони Американци, а едкономските аналитичари предупредудуваат дека економското закрепнување е важен фактот за општеството како последица на глобалната пандемија.

– Важно е да се напомене дека бројот на незапоследни уште е висока ако во предвид се земе дека бројот на заразени и починати од коронавирусот и понатаму расте, а вакцина уште нема. Политичарите ветија поткрепа од 1.000 милијарди доларил. Ако тоа не го сторат, ќе биде политичко самоубиство – изјави Мајк Зигмонт, директор на Харвест Волатилити Менаџмент.