Охрид, 15. април 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во предвечерјето на најголемиот христијански празник, вечерва се одржа завршната промоција и забава од проектот „Секој има право на најсреќен Велигден“ со охридските Тамаро маркети.

Екипата на Супер радио, предводена од водителот Жанко ЗШ Голабоски, како традиционални партнери, во маркетот на улицата „АСНОМ“ во населбата „Бејбунар“ подели многу подароци и донесе многу насмевки кај сите купувачи.

– За најголемиот празник Велигден да им подадеме рака на оние на кои им е најпотребна. „Тамаро“ на сите охриѓани постојано им подарува најниски цени за купување, а за сите на кои им е најпотребно, сега и можност да го прослават празникот како што доликува. Секој ден ќе подарувавме вредни пакети на Супер радио, а во соработка со Црвен крст Охрид беа обезбедени и подарени посебни пакети за десет семејства на кои тоа им е најпотребно, порачаа од водечкиот маркет во регионот, охридските „Тамаро“ маркети.

Секој работен ден на Супер радио, периодов наназад се организираше и посебен GIVEAWAY и беа поделени бројни подароци за најсреќен Велигден. (Крај)

Секој има право на најсреќен Велигден со „Тамаро“ и Супер радио (Фото/Видео