Државниот завод за статистика го објави четвртиот сет на податоци од Пописот 2021 кој се однесува на домаќинствата и становите.

Секој трет стан во земјава е ненаселен, покажува последната група на податоци кои ги објави Државниот завод за статистика.

Од вкупно 839 174 станови во земјата, дури 307 187 се празни. Или, во проценти, никој не живее во 36,67% од становите.

На микро ниво, процентот на празни станови варира од 72,3% до 20,5%.