Производството на облека е двојно зголемено во последните две децении, додека издржливоста на производот е скратена за една третина. Секоја година, секој жител на Европската унија фрла 11 килограми облека, додека облеката се носи во просек од седум до осум пати. Поради оваа ситуација, ЕУ започнува низа проекти кои треба да доведат до намалување на трошоците.

Европскиот парламент вчера гласаше за стратегија за одржливи текстилни производи, која дури најавува воведување на дигитален документ кој треба да ги содржи сите информации за производот, на пример, каде и кога е направен, од кои материјали е направен и дали може да се рециклира.

Оваа стратегија вклучува повик за забрана за палење непродадена или вратена текстилна стока во ЕУ.

– Досега големите количини вишок и непродажливи залихи, како и вратените производи доведоа до уништување на целосно употребливи текстилни производи. Во моментов, како дел од новите правила за еко-дизајн, се преговара за забрана за уништување на непродадената облека. Брендови кои се поврзани со ваквата практика се „H&M“, „Zara“ и „Amazon“ поради големиот раст на онлајн трговијата, но и луксузните брендови како „Burberry“ кои се трудат да ги задржат високите цени на своите производи. Според некои проценки, само во Германија годишно се уништуваат непродадени стоки во вредност од седум милијарди евра“, велат од ЕУ.

Модната индустрија денес, како што наведоа, функционира како „брза храна“, а се претпоставува дека до 35 проценти од глобалната микропластика што се испушта во океаните потекнува од синтетички текстилни производи. Помеѓу 200.000 и 500.000 тони влегуваат во морската средина на глобално ниво секоја година. Познато е дека еден од најголемите загадувачи на планетата е гардеробата, бидејќи е се поевтина, направена од материјали кои тешко се рециклираат.