Семејните винарии кои аплицираа за грант ги добиваат парите, информираа денеска од здружението ,,Тиквешки семејни винарии”.

– Задоволство ни е што вчера почнаа да легнуваат пари на сметка кај мали винарии што стартуваат со работа, а коишто аплицираа за грант, како поддршка во нивните напори за развој на винарството и винскиот туризам во државата. Винариите добиваат по десет илјади евра за унапредување на винопроизводството. Изразуваме голема благодарност до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и министерот Љупчо Николовски, затоа што позитивно одговорија на заложбите на здружението за развој на малите семејни винарии и винарството, рече за МИА, Гоце Попов, секретар на здружението и сопственик на семејна винарија Попови.

Тој додаде дека за оваа намена, издвоени се 590 илјади евра неповратен грант.

Попов нагласи дека во последниве неколку години биле направени неколку чекори напред за развој на семејното винарство и воопшто за производството на вино