Финансирањето на проекти во секторот транспорт во ИПА 2 (2014-2020) се врши преку повеќегодишната програма во износ од 110 милиони евра и се спроведува преку децентрализиран начин на управување, што значи дека Северна Македонија директно располага со парите на европските даночни обврзници, информира Сектретаријатот за европски прашања реагирајќи на тврдењата (не)искористувањето на европските средства.

Во соопштението се посочува дека во овој износ се програмирани проекти во железничката и патна инфраструктура, за кои што во овој период не се загубени средства.

– Инвестициската рамка за Западен Балкан (ВБИФ) е друг механизам преку кој се финансираат големи инфраструктурни проекти вклучително и во секторот транспорт. За да се заокружи финансиската рамка за вакви капитални проекти, покрај добиените грантови, мора да се обезбеди согласност за заем и од меѓународна финансиска институција. Заради одговорна фискална политика и задржување на степенот на задолженост во одржливи рамки, Министерството за финансии многу внимателно проценува за кои проекти ќе даде согласност за финансирање преку ВБИФ, се истакнува во соопштението.

СЕП потенцира дека искористувајќи ги можностите од Економско-инвестицискиот план, што во октомври годинава го презентираше од еврокомесарот за пропирување Оливер Вархеји, Северна Македонија на повикот на ВБИФ, што истекува во февруари 2021 година, ќе аплицира за нови грантови, меѓу кои и за железничкото поврзување со Бугарија, со што ќе се намали стапката на задолжување.

– Во однос на изјавата дека не се обезбедени средства за справување со социо-економските последици од пандемијата, информираме дека за извонредно кратко време од само еден месец, администрацијата координирана од СЕП успеа да репрограмира 50 милиони евра од Наградата за успешност на ЕУ за Република Северна Македонија за 2020 година. Овие средства се искористија за реализација на дел од третиот пакет економски мерки на Владата, односно 30 милиони евра беа инјектирани како бескаматни кредити со грантова компонента за микро и мали претпријатија преку Македонската банка за поддршка на развојот, а 10 милиони евра за поддршка на активните мерки за вработување преку Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, се истакнува во соопштението на Секретаријатот за европски прашања.