Задоволство е што пријателите од туристичката индустрија на Србија ја поканија Северна Македонија за земја партнер на овогодинешниот саем за туризам во Ниш. Настанов кој се одржува од 30ти март до 1ви април е можност за зајакнување на нашите партнерски односи и создавање на нови

Соработката меѓу Северна Македонија и Србија е на високо ниво, за што се надеваме дека оваа тенденција на пораст на туристичка размена ќе остане и во иднина. На македонскиот штанд кој со својата репрезентативност ги отсликува културните, природните и гастрономските разноликости, коегзибитори се општина Демир Капија и општина Гевгелија. АППТ изразува благодарност до државниот секретар при министерството за туризам на Србија, г-дин Урош Кандиќ и директорката на Туристичката организација на Ниш,г-ѓа Драгана Божиќ.

Во рамките на саемот директорот на АППТ, д-р Љупчо Јаневски и Трајан Ангелковски претседателот на ССК учествуваа на панел дискусија на тема дестинациски менаџмент во туризмот, за стручното туристичко-угостителско образование, хотелиерството, со еминентни регионални експерти од полето.

Meѓународниот саем за туризам во Ниш е место каде македонските мали семејни винарии имаа презентација во соработка со ИМЕ- Increasing Market Employability Programme. Македонските семејни винарии ширум ги отвараат вратите за сите посетители кои сакаат да вкусат врвно вино и одлична храна за сите сетила!
Нови форми и нови кадри во туризмот се потребни за да се следи чекорот со светските трендови, неопходно е и освежување на дестинацијата со нови содржини, кои нема да го исклучат традиционалниот момент и ено-гастро концептот. Следејќи ги светските трендови Владата на Северна Македонија и Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот преку меѓуграничните проектите кои се во фаза на реализација и нови предвидени проекти дејствуваат во создавање услови за унапредување на туристичкиот производ и значително збогатување на понудата и туристичките содржини во регионот.

Успешните промотивни активности на Агенцијата за туризам на туристичкиот пазар во Србија, фокусирани на алтернативните форми на туристичка понуда во овој период како викенд пакети за српските туристи, позитивно се одразија на зголемување на број на туристи, кој во последниве неколку години изнесува повеќе од 45%. Вкупниот број на српски туристи е 63834 за 2022 година, што го надминува бројот на посети од одличната 2019 г. Се радуваме на новата авио линија Охрид-Белград која ќе овозможи дополнителна туристичка размена и патување до дестинациите.

Со оглед на тоа дека бројот на туристи меѓу двете земји од година во година расте, Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот ќе продолжи и понатаму да ја дава потребната поддршка и размена на искуства со туристичкиот сектор од Србија. Новина е тоа деќа ќе организираме Б2Б настан за тур оператори во Скопје на 20ти април и информативни патувања за новинари и инфлуенсери, во соработка со Туристичката организација на Србија.