Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска се сретна со членови на Здружението на пензионерите од Кочани, во кое членуваат и пензионерите од Чешиново-Облешево и Зрновци, и истото важи за едно од поголемите здруженија бидејќи брои околу 8.000 пензионери.

Шахпаска ги информираше пензионерите за прашања за кои тие најмногу се интересираат, околу пензионерскиот стандард и за зголемувањето на пензиите.

РАЗГОВАРАВМЕ И ЗА ПРОМЕНА НА МЕТОДОЛОГИЈАТА ЗА УСОГЛАСУВАЊЕ НА ПЕНЗИИТЕ КОН КОЈА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ТРУД И СОЦИЈАЛНА ПОЛИТИКА ВЕЌЕ ПРИСТАПУВА И ВЕРУВАМЕ ДЕКА ДО КРАЈОТ НА ГОДИНАТА, ЌЕ БИДЕ ИСПОРАЧАНА НОВА МЕТОДОЛОГИЈА, СО КОЈА ШТО ПЕНЗИИТЕ ЌЕ СЕ УСОГЛАСУВААТ И СО РАСТОТ НА ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА, РЕЧЕ МИИНИСТЕРКАТА ШАХПАСКА.

На средбата со министерката Шахпаска, членовите на Здружението на пензионери од Кочани се интересираа и за изградбата на регионален Дом за стари лица. Министерката посочи дека во програмата на Министерството за труд и социјална политика е вклучена изградба на Дом за стари лица со капацитет од 156 лица, изграден согласно најсовремените решенија и стандарди за сместување на стари лица.