Адиминистративците треба да одат на 64 години, општеството нема потреба класичните административци да продолжат да работат, вели  Шахпаска.

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска вели дека шест илјади граѓани над 64 години возраст, согласно важечкото законско решение, продолжиле да работат, наместо да одат во пензија и на нивно место да дојдат млади и компетентни кадри.

Новото законско решение што требаше да биде донесено предвидува продолжувањето до 67 години да важи единствено во здравството и во високото образование, ако има недостиг од кадар рече шахпаска и додаде дека таму каде што, согласно реформите во јавната администрација, нема потреба од кадар, тие места нема ни да се пополнат.

– Адиминистративците треба да одат на 64 години, општеството нема потреба класичните административци да продолжат да работат, вели Шахпаска.