Една од шапките на Наполеон би можела да достигне цена од 600.000 евра на аукцијата во Сотби во Париз, што ќе се одржи по повод 200 години од смртта на Наполеон.

Препознатливата капа со два рога е изработена од црн филц и се смета дека Наполеон ја носел за време на поразот на неговата војска во Русија во 1807 година, пишува Гардијан.

Аукциската куќа Сотби објави дека ќе ја одбележи годишнината од смртта на Наполеон со продажба посветена на овој брилијантен воен стратег.

Napoleon Bonaparta

Шапката беше купена во 1814 година од политичарот и аристократ Сер Мајкл Шоу-Стјуарт, кој беше малку опседнат со Наполеон и кој ја однесе во неговиот семеен имот во Ардгован, Шкотска, каде што се пренесуваше од колено на колено.

Идентификувани се само 19 предмети кои припаѓаат на Наполеон, а многу од нив се наоѓаат во музејски колекции.

Наполеон почина на 51 година во егзил на британскиот остров Света Елена во мај 1821 година.

Неговата посмртна маска заснована врз оригиналниот гипс што го зедоа лекарите исто така ќе биде на аукција со проценка од 400.000 до 600.000 евра.

Аукцијата ќе трае од 15 до 22 септември и ќе има околу 100 лотови, како и визуелни уметности, скулптури, сребрени садови, мебел, порцелан, накит, фотографии и сувенири.