Беше тоа спонтана иницијатива на HR тимот на финтек компанијата СН Финансии, да покани неколку познати успешни битолски фирми на заеднички афтерворк кој ќе има мал натпреварувачки спортски карактер, но сѐ прерасна во одлично дружење.
СН финансии, ги здружи силите со Taskforce, Cosmic Development, P2P.mk, Евротип и Webiart во новиот Fintech Hub, после работните часови во една пријателска конкуренција, направија мал турнир во пинг понг, билјард и фудбалче со рачки, со правила, со судии и со вистински победници.
„Ова беше одлична можност за вмрежувањ
е на нашите компании. Во ист град се нашите централи, а и сите компании учесници имаме свои канцеларии и во други делови на Македонија, така што оваа иницијатива планираме да ја прошириме и во другите градови. TaskForce, Cosmic Development, P2P и Webiart се исклучително добри и успешни приказни кои започнале во Битола, одлични вработувачи се на млади и амбициозни луѓе, а тоа е сосем во склад со нашата мисија да правиме спојки на соработка. Им благодарам на тоа што ја прифатија поканата, а и на одличното дружење”- истакна Бујар Драла кој го води HR тимот на СН финансии.
Во одлична атмосфера, во фер натпреварувачки дух, се создадоа нови пријателства кои во една ваква опуштена атмосфера можат да се градат и надвор од работното место. Тоа беше и целта на серијата настани.
„Иако од различни компании, учесниците се обединија околу нивната заедничка пасија кон трите дисциплини во една пријателска конкуренција. Имаше бодрење, навивање, некои од учесниците покажаа импресивни вештини во трите дисциплини кои ги донесоа до победа„- истакна Марија Ѓоршевска HR директор од TaskForce кои победија во пинг понг и фудбалче на рачки.
Учесниците коментираа дека настанот е драгоцена шанса да се поврзат со интересни луѓе од различни компании, релации кои се значајни за можните соработки помеѓу комапниите, а и го градат спортскиот дух.
„Сакаме да им се заблагодариме на сите кои учествуваа на серијата вакви дружења, кои ги финишираме со огромно финале и направија ваков успешен настан. Енергијата и ентузијазмот на тимовите од петте компании беа навистина заразни и со нетрпение очекуваме да планираме повеќе настани инспирирани од оваа соработка” – истакна Андријана Поповска, раководител на човечки ресурси во Cosmic Development.
Победници во фудбалче на рачки и пинг понг беа TaskForce, а во билјард преставникот од Cosmic Development, кои добија бројни награди за кои се погрижија компаниите учесници, а со одлична забава на DJ Огнен, се заокружи овој настан за кој е многу извесно дека ќе има и ново продолжување.