Рејтинг Агенцијата Стандард и Пурс проценува дека ширењето на корона вирусот може да го забави растот на глобалниот БДП за 0,3 процентни поени.

Најголемо влијание ќе претрпат економиите на земјите од Источна Азија, додека влијанието врз САД и Европа ќе биде помало.

Економскиот раст на САД и Европа како резултат на корона вирусот ќе изгуби од 0,1 до 0,2 процентни поени.

Во февруари, Агенцијата Стандард и Пурс ја намали прогнозата за економски раст на Кина за 2020 година од 5,7% на 5%.