Ова лето во земјите од ЕУ, во шумски пожари изгорела два пати поголем аповршина од Луксембург, и станува збор за втора по големина изгорена област откога се следат овие податоци, осносно од 2006 година. Ова го покажува анализата на Заедничкиот истражувачки центар на ЕУ (JRC).

Десетина европски земји оваа година имаа големи пожари кои за последица имаа евакуација на население, материјална штета и сл. Италија, Франција и Шпанија и натаму се под сериозен ризик од пожари.

Податоците покажуваат дека оваа година досега во земјите членки на ЕУ изгорела површина од 600.731 хектар. Во 2017 година изгореле рекордни 987.844 хектари. Сезоната на пожари во медитеранскиот регион обично трае од јуни до септември. За почестото избивање на пожарите придонесуваат и климатските промени, односно се подолгите периоди на топло и суво време.