Надзорниот одбор на Охридска банка на седницата одржана на ден 15.01.2021 година го одобри склучувањето на Спогодбата за присоединување кон Шпаркасе банка Македонија АД Скопје, по што истата беше потпишана во согласност со Законот за трговски друштва, соопшти банката преку Македонската берза.

„Согласно склучената спогодба, за акционерите на банката што се присоединува кои ќе се изјаснат дека не сакаат да примат акции во банката што презема во замена за нивните акции, банката што презема ќе изврши откуп на акциите на акционерите од банката што се присоединува по откупна цена од 5.577 денари за една акција.

Спогодбата ќе стане полноважна по одобрувањето од Собранието на акционери на двете банки, а по добиена претходна дозвола за статусна промена од страна на Гувернерот на Народната Банка. Спогодбата, прилозите и другите релевантни информации ќе бидат достапни за увид на акционерите согласно роковите предвидени со закон“, информираат од банката.