oil-Цените на нафтата во вторникот паднаа под  33 $, под притисок на загриженоста за побарувачката и зголемувањето на понудата, а дополнителна тежина се шпекулациите за скромните изгледи за договор помеѓу водечките производители за намалување на производството.

На лондонскиот пазар се тргуваше за 1,32 $ пониска цена од 32,92 $. На американскиот пазар барел се тргува за 80 центи пониска цена, од 30,82 $.

Дополнителна причина за загриженост се и новите официјални податоци од Русија кои покажаа дека Русија во јануари произведувала 10.88 милиони барели нафта на ден, во споредба со 10.83 милиони барели во декември.

Во фокусот исто така се и преговорите помеѓу ОПЕК и Русија за управување на производство, со цел да се поддржат цените. Министерството за енергетика на Русија објави дека рускиот министер за енергетика и неговиот колега од Венецуела разговараат за можностите за заедничка консултација со ОПЕК и производителите надвор од ОПЕК.

И покрај тоа, од инвестициската банка Goldman Sachs, сметаат дека постои мала шанса ОПЕК да го намали производството во координација со Русија, бидејќи тоа ќе им се одрази и на нив, затоа што тоа ќе биде можност да се охрабри враќањето на пазарот на одложените производствени проекти.