Штедилница Можности вработува службеници за односи со клиенти во експозитурата на Штедилницата во Велес–1 (еден) службеник.

Потребни квалификации:
– Универзитетска диплома од областа на економијата и добри познавања на основните финансиски извештаи (биланс на состојба, биланс на успех и парични текови).
– Задолжително познавање на англискиот јазик,
– Задолжително поседување на возачка дозвола,
– Способност за тимска работа,
– Одлични аналитички и математички способности.

Краток опис на работните задачи:
– Промоција и продажба на финансиски продукти,
– Подготовка на анализи и финансиски извештаи за дејноста на клиентот,
– Проценка на кредитното барање и кредитната способност на клиентите,
– Помош на корисниците на кредит и на кредитобарателите во одредувањето на нивните бизнис потреби,
– Градење на квалитетни долгорочни односи со клиентите,
– Грижа за квалитетот на кредитното портфолио.

Кандидатите кои ќе аплицираат за вработување треба да имаат исклучителни комуникациски способности, да ги разбираат актуелните економски случувања и да ги познаваат бизнисите во регионот.
Искуството не е задолжително, но ќе се смета за предност.

Штедилница Можности нуди интересна и динамична работна средина со одлични услови за работа и утврдено работно време од 08:00 до 16:00, односно од 09:00 до 17:00 часот во просториите на експозитура Велес.

Заинтересираните кандидати можат да аплицираат и да испратат биографија – CV на е-пошта: [email protected], или да аплицираат преку веб-страницата www.moznosti.com.mk/ во делот кариера, со назнака за позицијата за којашто аплицираат.

Апликациите на кандидатите кои не ги исполнуваат условите наведени во огласот, или пратат апликации (CV) со нецелосни податоци, нема да се разгледуваат.
Заинтересираните за овие позиции можат да аплицираат до 30.04.2018 година.

Штедилница Можности ќе изврши избор во законски определен рок во зависност од бројот на пријавени кандидати.

Кандидатите кои ќе аплицираат за работното место се согласни за користењето на нивните лични податоци во процесот на селекција.
Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ќе влезат во процесот на селекција.