(Време за читање 7 минути)

 

 

Сигурен сум дека сте слушнале за технологијата наречена Блокчејн (блок–синџир), но никогаш не сте размислувале подетално за тоа. Можеби сте прочитале но било објаснето на потежок начин, на начин што само некој компјутерџија ќе го разбере. Да бидам искрен, тоа беше малку тешко  и за мене на почетокот. Јас не сум компјутерџија,  или некој кој е многу длабоко навлезен во технологијата.  Бидејќи наидов и се заинтересирав за криптовалутите па си реков зошто да не научам нешто повеќе. Во оваа статија ќе се потрудам да дадам се од себе за да ви ја објаснам оваа технологија со наједноставни зборови, па дури и мајка ми да го разбере.

  1. Што е Блокчејн ?
  2. Коисе разликите помеѓу јавниот и приватниот блокчејн?
  3. Дали постојат и други блокчејн и покрај биткоин блокчејнот?
  4. Кои елементите се заеднички за ситеблокчејни?

 

  • Блокчејн

И покрај неговата сложеност, блокчејнот не претставува ништо повеќе од  друг тип на база на податоци за запишување на трансакции, трансакција која се копира на сите компјутери во некоја одредена мрежа, а не научна фантастика од далечна галаксија.  Блокчејнот понекогаш се нарекува ”Дистрибуирана сметка”. Нејзините податоци се зачувани во фиксни структури наречени блокови.

Блокови во ланец = Страници во книга.

Секоја книга има:

–     Текст – Приказната за книгата

–       Неговата информација – на врвот на секоја книга има наслов, поглавје или број на глава, а на дното е бројот на страницата која ви кажува каде сте. Ова се податоци за податоците и се нарекувамета-податоци.

Блокчејнот работи на сличен начин:

 

–        Насловот – кој содржи мета-податоци за одреден блок, како што е: референтен број на блок, времето кога е создаден, линк до претходниот блок и други технички информации.

–        Неговата содржина–направените трансакции, награди за рударите, адресите на страните вклучени во тие трансакции.

 

Со книгите е полесно, бидејќи предвидливите броеви на страниците ви ја олеснуваат работата да го знаете редоследот на страниците.

На пример : ако ги искинете сите страници и измешате, ќеви биде полесно да ги вратите во ред, поради броевите и поради смислата на приказната.

Со блокчејнот секој еден блок се наведува на претходниот блок,  а не по бројот на блокот,  туку со отпечаток на блокот.  Тоа е попаметен начин отколку број на страница, бидејќи самиот отпечаток се утврдува од страна на содржината на блокот. Ова е многу тешко да се манипулира, бидејќи бројот на учесници постојано расте. Со користење на отпечаток наместо нумерички редослед, се добива одличен начин за потврдување на податоците.  Ако некој сака да се меша,(манипулира) со системот или со било кој  од податоците,  ќе мора да ги регенерира сите напаравени отпечатоци.

Краток пример како сето тоа изгледа:

 

 

 

Нов блок е поставен на мрежата, за рударите да можатда ја потврдат неговата трансакција.

Проверката на блокот се постигнува со комплетирање на сложени криптографски равенки.

Кога еден рудар ќе го реши криптографскиот проблем тоа се објавува на останатиот дел од мрежата.

Алгоритмот го наградува победничкиот рудар со 25 биткоини и новиот блок се додава пред блокчејнот .

Секој блок се приклучува на претходниот блок, за да се направи синџир од блокови.

Што значи откако Џон ја иницира трансакцијата,  во рок од десет минути тој и Џени ја добиваат првата потврда  дека биткоинот беше потпишан до неа .

Откако трансакцијата ќе биде потврдена Џени ќе биде исплатена.

Ова е еден лесен начин да се разбере како работи блокченот.

 

  • Како и секој друг вид набаза на податоци блокчејните се поделени во две категории: јавни и приватни.

 

Јавен блокчеин како што е биткоин  блокчејнот, значи дека и мрежата е јавна.

На тој начин секој може да напише податоци од или за книгата за податоци (сметководствената книга), доколку имаат соодветен биткоин софтвер.

Во отсуство на доверба, на јавните блокчејни им се потребни дополнителни механизми за заштита на интегритетот на податоците. Ова вклучува додатна сложеност, бидејќи не постои централен авторитет.

На пример, во биткоин блокчејнот новите трансакции може да се додадат само доколку учесникот го реши комплексниот математички проблем, кој е познат како “доказ за работа”.

Овој процес се нарекува рударство.

 

Приватните блокчејни не се отворени за секого. Овие мрежи се приватни, каде што учесниците се добро познати и имаат дозвола да ја ажурираат главната книга (сметководствената книга).  Учесниците во овој блокчејн може да бидат од иста или различна организација,  во рамките на истата индустриска гранка, каде што нивните односи се регулирани со доверливи договори.

 

  • Постојат повеќе видови на блокчејни.

 

Покрај биткоин блокчејнот кој што е добро познат, во последните години се појавија голем број на други блокчејни.  Ниту еден од другите блокчејни се уште го нема постигнато нивото на биткоин блокчејнот.

За разлика од биткоин блокчејнот тие нудатдруги бенефиции како што се:

зголемена брзина,  поголеми капацитети за податоци, различни методи на консензус или повеќе напредна функционалност.

 

Лајткоин – е помал конкурент на биткоин но нуди побрзо време на трансакција.

 

Рипл – трансакцискиот протокол на рипл претставува варијанта на дистрибуирана книга која обезбедува уверение веднаш и ниски трошоци за меѓународни плаќања.  Рипл блокчејнот е насочен кон банки и небанкарски компании за финансиски услуги. Трансакциите се потврдени со консензус, а не со доказ за работа.

 

Етериум – е вториот  најголем блокчеин по биткоин. Етериум претставува проект со отворен код, финансиран од толпата. Слично е како биткоин блокчејнот, со некои разлики како што се:

побрзи трансакции- на пр. биткоинот создава 12,5 нови биткоинина секои  10 минути, додека e етериумот создава 3 нови етери на секои 15 секунди.

Биткоин креира нови блокови на секои 10 минути,  додека етериумот создава нови блоковина секои 15 секунди. И уште неколку други разлики.

 

  • Вообичаени елементи

 

Сепак, иако постојат разлики во секој блокчејн некои од елементите се вообичаени за сите блокчејни.

–  Блокчејнот е дигитално дистрибуиран во голем број на компјутери во реално време. Блокчејнот е децентрализиран и копија на целата евиденција е достапна за сите корисници и учесници во мрежата. Ова ја елиминира потребата од централните власти.

–        Блокчејнот користи многу учесници во мрежата за да постигне консензус – учесницит ги користат нивните компјутери за да го проверат секој нов блок.

–        Блокчејнот користи криптографија и дигитални потписи за да се докаже идентитетот.

–        Блокчејнот има механизам за да го направи тешко (но не и невозможно) да се смени историската евиденција – сите податоци може да се прочитаат и да се напишат нови податоци. Старите податоци што постојат на блокчејнот не може да се променат, доколку правилата дозволуваат таква промена.

На пр: Повеќе од 50% од мрежата треба да се согласи да се променат одредени податоци.

–       Блокчејнот е со временски печат – трансакциите се со временски печат, што го прави корисно за следење и проверка на информациите.

–        Блокчејнот е програм лабилен – упатствата се вградуваат во рамките на блоковите, како што се: ако тоа, тогаш  го стори тоа, дозволи го тоа – дозволи трансакции да сe вршат само доколку се исполнети одредени услови.  И исто така да бидат придружени со дополнителни дигитални податоци.

 

  • Заклучок

 

Биткоин претставува првиот успешен блокчејн, од кој што во последниве години се појавија голем број на независни блокчејни. Ниту еден од нив не постигнал ист обем како што постигна биткоин, но тиенудат и други придобивки, како што се:

зголемена брзина, поголеми капацитети за податоци, различни методи на консензус или решавање на други типови на проблеми. Технологијата блокчејн е во пораст и како што сме сведоци,  почнува да се спроведува се повеќе и повеќе.  Извештајот на светскиотекономски форум од септември 2015 година предвидува дека до 2025 година десет проценти од глобалниот БДП (бруто-домашенпроизвод) ќе бидат зачувани на блокчејн технологија. Со оваа револуционерна технологија можеме да замислиме свет во кој договорите се вградени во дигиталниот код, каде што се заштитени од бришење,  менување и ревизија. Секој процес, секоја задача, секој договор, секоја исплата ќе имаат дигитален запис и потпис кој ќе биде идентификуван, потврден, зачуван и споделен. Многу компании почнуваат да ја имплементираат блокчејн технологијата.  И постои голема можност дека блокчеинот ќе влијае на речиси секој еден бизнис.

 

Колку сме подготвени да ја прифатиме оваа нова технологија?

Одговорот на ова прашање ви го оставам вам да размислете …

 

споделете, коментирајте

 

Ви благодарам за читањето

 

Следетеме на Фејсбук: http://bit.ly/2zDUBpp

 

Регистрирајте се на мојот блог: https://darkokipariz.blogspot.com/