KomPay е бесплатна мобилна апликација за бесконтактно плаќање, со која може да сe плаќа на ПОС-терминали без употреба на физичка банкарска картичка. Со неа, Вашиот мобилен телефон станува замена за платежна картичка. Ова е брз, лесен и безбеден начин на плаќање на голем број продажни места насекаде во светот.

Како можам да ја инсталирам апликацијата? 

Пред да ја инсталирате KomPay на Вашиот смартфон:
  • Проверете дали верзијата на оперативниот систем е Android 4.4 или повисока;
  • Уверете се дека оперативниот систем не е модификуван (рутиран);
  • Проверете дали Вашиот смартфон поседува NFC;
  • Обезбедете доволно простор на Вашиот смартфон;
  • Обезбедете активна интернет-конекција;
  • Поставете некоја од вградените опции за заклучување на екранот на Вашиот смартфон – password, fingerprint, PIN, pattern или сл.;
  • Исклучете ја опцијата за дебагирање.

Важно: Активна интернет-конекција не е потребна при плаќање со картичките.

Како да го симнете KomPay:

ЧЕКОР 1

Потоа, од Google Play Store бесплатно преземете ја најновата верзија на KomPay и инсталирајте ја.

ЧЕКОР 2

При првото вклучување, внесете ја Вашата e-mail адреса и регистрирајте се.

ЧЕКОР 3

Прифатете ги условите за користење на KomPay.

Како да се регистрирам на апликацијата?

ЧЕКОР 1

Веднаш по инсталацијата на KomPay, Комерцијална банка ќе Ви испрати код за верификација на Вашиот e-mail. Внесете го кодот во полето за верификација. Доколку не ја гледате пораката, проверете во папката СПАМ.

ЧЕКОР 2

Изберете ПИН со 4 цифри што ќе го користите за најава во KomPay и за која било од картичките регистрирани во апликацијата. Потврдете го ПИН-от и одберете ОК.

Важно: Овој ПИН ќе го користите при плаќање со која било од картичките регистрирани во KomPay.

Важно: Ако KomPay Ви побара, поставете ја како основна (default) апликација за мобилно плаќање.

 

Како да ја дигитализирам мојата картичка?

ЗА ДА ЗАПОЧНЕТЕ СО ДИГИТАЛИЗАЦИЈА НА КАРТИЧКАТА:

Притиснете на празната картичка на екранот или на иконата во долниот десен агол.

ВАЖНО

Треба да поседувате активна Mastercard®/Maestro картичка издадена од Комерцијална банка.

Потребно е да имате средства на сметката на картичката. За картички со две сметки (на пр. Maestro) потребно е да имате средства на девизната сметка (околу 15 евра).