Ефикасното управување со ресурсите и намалување на отпадот се главните принципи на кои се заснова зелената (цирукларна) економија. Една од главните цели, како економски модел, што би ја заменува линеарната економија е обнова на екосистемите и воведување иновации што ќе влијаат на промена на однесувањето на општеството.

И додека линеарната економија се сведува на профит со искористување на природните ресурси, особено они небновливи) врз принципот земање, искористување и фрлање(создавање отпад, кој понатаму негативно влијае врз животната средина, зелената економија се стреми кон одржлив начин на делување, управување со ресурсите што се ограничени и селектирање, рециклирање и менаџирање со отпадот. Се разбира, во целиот процес на производство најбитно е создавање на минимум отпад.

Насочувањето на вниманието кон енергетската ефикасност и еколошката одржливост, кои се  применливи во сите аспекти на животот, претставува темел на новиот начин на општествено однесување.  На тој начин, човештвото настојува повторно да го воспостави изгубениот однос со природата, како и да ја врати вербата во можноста за понатамошен просперитет.

За да функционира циркуларна економија мора да учествуваат сите засегнати страни затоа што се очекува и таа да биде профитабилна, скоро како линеарното модел на економија. Истовремено, улогата на индустријата, потрошувачите, но и на политичките чинители е подеднакво важна.

Потребата од  воведување на моделот на циркуларната економија, Европската комисија (2017 година)го има преточено  во документ наречен „Манифест за Европа со ефикасни ресурси“ (Manifesto for a Resource-Efficient Europe), во кој јасно е нагласено дека „во светот со растечки притисок врз  природните ресурси и животната околина, Европската унија нема друг избор освен да тргне по патот на транзиција кон ресурсно ефикасно и во крајна линија регенеративен модел на циркуларната економија“.

Европската комисија го усвои новиот акционен план за циркуларна економија (CEAP) во март 2020 година. Тој е еден од главните сегменти на Европскиот зелен договор, новата европска агенда за одржлив раст. Транзицијата на ЕУ кон зелена економија ќе го намали притисокот врз природните ресурси и ќе создаде одржлив раст и работни места. Тоа е исто така предуслов да се постигне целта на ЕУ за климатска неутралност до 2050 година и да се запре загубата на биолошката разновидност.

Новиот акциски план има цел да го спречи приливот на отпад и да го пренасочи кон одржлив развој и потрошувачка зголемувајќи го животниот циклус на производите.

Северна Македонија нема стратегија за зелена економија, но има закони кои ја третираат животната средина, менаџирањето на отпад, како и стратегија за енергетика насочен кон зелена енергија според европските регулативи и како дел од Зелената агенда за Западен Балкан.

Преземено: Green Civil