banki euИако во средата значително се зголемија, тоа незначително ги ублажи катастрофалните резултати на европските банкарски акции оваа година поради зголемениот страв од нова банкарска криза. Од почетокот на годината вредноста на европските банки се намали за една четвртина, или 240 милијарди долари.

Аналитичарите сметаат дека тоа се должи на размислувањето на инвеститорите дека растечкиот бран на макроекономски проблеми, како на пример забавувањето на кинеската економија и падот на цените на нафтата ќе ги избрише сите позитивни ефекти на осумгодишното намалување на трошоците, чистење на билансите и избегнување на ризични пласмани. Покрај тоа, банките и понатаму “седат” на лоши заеми кои би можеле да се покажат како фатални во случај на макроекономски проблеми, па некои стравуваат дека банките не се доволно капитализирани.

За степенот на скептицизам кај инвеститорите говори фактот дека сегашната продажба на акциите на банките е полоша од 2008 година, во екот на глобалната финансиска криза. Имено STOXX Europe индексот на банките падна за 24 проценти, додека пред осум години падна “само” 17 проценти.

Податоците на Thomson Reuters покажуваат дека цените на инструментите за осугурување на долг (CDS) за Deutsche Bank, HSBC, Barclays i Standard Chartered се во близина на највисоко ниво во последните 10 години.

Од друга страна, експертите предупредуваат дека Европа сега е повеќе склона кон можна банкарска криза одколку пред осум години.