Руската централна банка ја задржа основната каматна стапка непроменета на 16 отсто. Ова се случи на редовниот состанок за монетарната политика на институцијата.

Се посочува дека инфлацијата во земјава и понатаму е висока – во февруари таа изнесуваше 7,7%, а се уште е рано да се забележат трајни дезинфлаторни процеси. Домашната побарувачка продолжува да го надминува производствениот капацитет. Проблемите на пазарот на трудот се интензивираат.

Намалувањето на инфлацијата продолжува да бара континуирано одржување на цврста монетарна политика, тврди банката.

Така, тешкотиите за приватниот бизнис во Русија остануваат сериозни, поради исклучително скапото финансирање. Економијата на земјата останува исклучително воено ориентирана и главно се потпира на државните набавки и на воено-индустрискиот комплекс.

Рубљата ја загуби вредноста во денешното тргување и падна за 0,3 отсто во однос на доларот на 92,37 рубљи и 0,1 во однос на еврото на 100,14 рубљи.