Голем дел од продадените автомобили во Македонија се купуваат преку автомобилски кредити кои, исто како автомобилите, имаат свои предности и недостатоци.

Номиналната каматна стапка на автомобилските кредити ( МКД | ЕУРво денари изнесува од 6,5 % до 11,75 %, додека со девизна клаузула од 5,5 % до 7,9 %, а периодот на отплата се движи од 72 до 120 месеци.

Кога се ќе се сведи на едноставната вистина дека сите банки продаваат иста стока а тоа е пари со малку повеќе истражување на пазарот може да се најде кредит по многу поповолни услови.

 

Што треба да знаете пред да купите автомобил на кредит?

  • Разгледајте ги сите понуди – Вие никогаш нема да ја добиете најдобрата понуда ако одите само во една банка. Сите банки продаваат  пари, а кредитот кој имате намера да го подигнете е само средство за да ја постигнете својата цел, купување на автомобилот. За да ги добиете најповолните услови, проверете ги сите опции на располагање, бидејќи без разлика колку и да сакате да се купи автомобил “Сега”, имајте на ум дека вашите финансиски обврски за враќање на кредитот ќе траат неколку години.
  • Немојте финансиски да се префорсирате – Пред да одите на шопинг за автомобил, мора да знаете каков вид на автомобил може да си го дозволите. Ова значи дека мора да знаете колку  може да биде вашето учество или депозит за автомобил, и се разбира, колку се вкупните трошоци на кредитот и колку ќе биде вашата месечна рата. Инсистирајќи на тоа  да се купи само саканиот автомобил, без оглед на финансиската пресметка може да ве доведе во ситуација да ви истргнат неколку стотици или илјади евра од џебот, или значително да го продолжите рокот од кој ќе го отплати кредитот.
  • Направете сопствена математика – Едноставниот чекор што многу забораваат да го направат е тоа да се пресмета вистинската цена на автомобилот кој го купувате. Тоа не се само месечните рати, додека не се исплати кредитот. Во пресметката треба да влезе и учеството, како и трошоците на кредитот и други трошоци кои ќе ги имате во текот на отплатата. Доколку кредитот во девизи на пример во евра а добивате плата во денари сметајте на тоа дека во текот на периодот на враќање како трошок треба да ги врачунате и курсните разлики.

Повеќе информации и рејтинг на автомобилски кредити