Стотици вработени во компанијата газирани пијалаци „Кока кола“ во северозападните германски градови Дортмунд и Линебург стапија во штрајк барајќи зголемување на месечната плата за 400 евра, како и повисока почетна плата за нововработените лица.

Слични штрајкови неодамна имаше и во други делови од државата. Во декември, американската корпорација им понуди на германски работници зголемување на платите за 100 евра и еднократен бонус од 1.000 евра за да го неутрализира влијанието на високата инфлација.Преговарачот на германскиот Синдикат на работници за храна, пијалаци и угостителство (НГГ), Фреди Ајан тогаш го опиша предлогот како „шлаканица во лице“. Според него, важно е платите да се зголемуваат согласно инфлацијата

Се очекува преговорите да продолжат на 8 февруари.