Синдикатот на вработени во холандскиот авиопревозник КЛМ соопшти дека тие денеска повторно ќе штрајкуваат со барања за повисоки плати и подобри работни услови.

Вработените задолжени за ракување со багажот и останати од компанијата што не се во авионите на Ер Франс – КЛМ нема да работат четири часа, почнувајќи од 11 часот по Гринич.

Претходните двочасовни штрајкови предизвикаа десетици одложувања и откажување на летови на амстердамскиот аеродром Схипхол двапати оваа недела.