Инфлацијата во Швајцарија во март е на најниско ниво во последните 2,5 години. Со тоа е поддржана одлуката на швајцарската централна банка минатиот месец да ги намали каматните стапки, првпат после 2015 година.

Потрошувачките цени се зголемија за 1% од март 2023 година, што е најниско ниво од септември 2021 година. Ова десети месец по ред како инфлацијата е во рамките на целта на централната банка.

Оваа земја беше заштитена од инфлација со силниот франкт. Увозот падна на вредност од 1,3% во март. Намалени се трошоците за храна, за ресторани и хотели. Во март централната банка ја намали основната каматна стапка на 1,5%, очекувајќи дека инфлацијата ќе остане ниска во следните неколку години.