Швајцарската влада воведе нов пакет санкции против Русија поради војната во Украина во согласност со најновите мерки на ЕУ за златото и производите од злато, објави владата на земјата.

Се додава и дека на Сбербанк, најголемата руска банка, и е замрзнат имотот и дека и е забрането да обезбедува средства, економски ресурси или технички услуги.

Швајцарската влада соопшти дека новите мерки првенствено се однесуваат на забраната за купување, увоз или транспорт на злато и златни производи од Русија, наведува Ројтерс.

Забранети се и услугите поврзани со овие стоки“, наведуваат од Владата.

Швајцарската влада нагласи дека направила два нови исклучоци кога станува збор за трансакции со земјоделски производи и испорака на нафта во трети земји, кои постојат и во ЕУ, со цел да се избегнат нарушувања во каналите за плаќање.

Владата наведува дека Швајцарија е посветена на решавање на глобалната криза со храна и енергија и забележува дека ниту една од мерките против Русија не е насочена против трговијата со земјоделски или прехранбени производи меѓу трети земји и Русија.