Канцеларијата на швајцарскиот генерален обвинител денес објави дека поднесе обвинение против Credit Suisse, што според обвинителите не сторилe доволно за да се запре перењето пари во врска со трговијата со дрога од страна на бугарската криминална организација, информира Асошиејтед Прес.

Обвинението пред федералниот кривичен суд, заедно со обвиненијата против поранешниот управител на швајцарската банка и двајца членови на криминалната група, е кулминација на долготрајната истрага за можни прекршувања што се чини дека се случиле во периодот од 2004 до 2008 година, јавува БТА.

Обвинителството забележува дека по падот на комунизмот, познати спортисти во Бугарија се свртеа кон други извори на приход и мафијашките кланови покажаа интерес за многу борци.

Банката ги негираше обвинувањата и рече дека е решена активно да се брани, се вели во соопштението на Credit Suisse. Судот може да нареди враќање на незаконски добиената добивка и максимална казна од 5 милиони долари, се додава во соопштението.