Мегабанка, како што ја нарекуваат швајцарската банка УБС, по преземањето на Кредит Свис ќе го намали бројот на вработени меѓу 20 и 30 отсто, пишуваат швајцарските медиуми.

Тоа значи дека меѓу 25.000 и 35.000 луѓе би можеле да останат без работа. Минатата есен, УБС објави планови за отпуштање до 10.000 луѓе, но работите се променија откако швајцарската влада ефективно ја принуди УБС да ја купи банката Kредит Свис, која се соочува со проблеми.

Пред преземањето, УБС вработуваше 72.000 луѓе на глобално ниво, а Kредит Свис околу 50.000. Швајцарскиот весник Зонтаг Цајтунг, кој ја објави оваа информација, не прецизираше кога ќе се случат отпуштањата. Минатиот месец УБС го презеде Kредит Свис за околу 3,2 милијарди евра откако банката забележа силен одлив на депозити и голем пад на цената на акцијата, а поттик беше изјавата на претставникот на најголемиот акционер на саудиската национална банка дека повеќе не би инвестирал во оваа банка, пишува Данас.рс.