Швајцарија ги обнови  своите планови да обезбеди дополнителни 1,3 милијарди швајцарски франци (1,37 милијарди долари) за финансирање на поновите членки на ЕУ со цел подобрување на односите со нејзиниот најголем трговски партнер, соопштува „Ројтерс“.

 

Имено Швајцарија иако  не е членка на ЕУ, обезбедува финансирање за широк спектар на проекти во 13-те земји кои се приклучија кон Заедницата по 2004-та година со цел зајакнување на стабилноста и просперитетот, како и да го осигура сопствениот пристап до единствениот пазарот.

 

Берн сепак навести дека може да не продолжи со плановите за втор десетгодишен помошен пакет за новите членки, откако во декември избувна спор за пристапот на швајцарската берза до единствениот пазар на ЕУ.

 

Швајцарската влада го обврзува плаќањето „со статусот и напредокот на севкупните односи меѓу Швајцарија и ЕУ, претежно развојот во однос на признавањето од ЕУ на регулаторната еквивалентност на швајцарската берза“.

 

Швајцарија ја обвини ЕУ дека се обидува да го поткопа својот финансиски центар, давајќи им на берзата само привремен пристап до блокот. Берн сака да го добие истиот став како и другите земји, дозволувајќи им на европските инвеститори да тргуваат во Швајцарија.

 

Дипломатите велат дека расположението е значително подобрено откако претходно овој месец Берн ја изложи преговарачката позиција за нов договор со Брисел, кој ќе закрепне официјално врските меѓу Швајцарија и ЕУ, уредени во моментов преку бројни билатерални секторски спогодби.

 

За прв пат, седумте владини министри, кои ги претставуваат четири партии, преговараат за единствена преговарачка позиција.