Švajcarski-franakШвајцарската централна банка (ШЦБ) се повеќе е незадоволна од позиција и силата на франкот и ефектите кои ги има врз економијата на Швајцарија по нивната одлука во средината на јануари оваа година, за напуштање на фиксниот курс на франкот, која шокантно го потресе девизниот пазар, изјави John J. Hardy, главен стратег за Forex во Saxo банка во пресред на состанокот на ШЦБ.

ШЦБ најверојатно ќе се излезе со повеќе моќни планови, за разлика од состанокот во март, со оглед на тоа дека Швајцарија има послаби податоци за производство, индексот на трошоците на животот покажува дефлација и многу веројатно е да има негативен БДП во вториот квартал, што значи рецесија со обзир дека и првиот квартал е негативен вели Hardy.

QE програма за откупување на државни обврзници се чини дека нема смисла во земја со многу низок долг, а каматните стапки се многу ниски и под нулата. За фискални стимулативни мерки ШЦБ треба да добие поддршка од владата бидејќи тоа не може да го направи сама, а мерките за контролата на капиталот се преоштри.

Намалување на каматните стапки не е привлечно, со оглед дека моменталните стапки веќе се крајно негативни -0,75 проценти, па уште по негативни каматни стапки дополнително би ги загрозиле банките.

Веројатно единствен одговор е да се интервенира на валутата, но ШЦБ тоа треба да го направи без фиксен однос како не би се повториле ризиците од јануарската катастрофа- смета Hardy.